Предавање
На 09.10.2024 година во нашето училиште се одржа предавање од страна на претставници од Здружението „Центар за интегрирана безбедност“ – Скопје.
На предавањето беа присутни наставници, стручните соработници и ученици од VI – IX одделение, како дел од проект поддржан од Општина Гази Баба.
Предавањето беше на тема „Превенција на насилство меѓу децата во училиштето и соработка со полицијата и други надлежни служби за рано детектирање на насилството“.
Предавањето имаше за цел да се намали насилството, да се надминат предрасудите, да се почитуваат разликите, како и да се подигне свесноста за потребата од соработка со полицијата и другите надлежни органи.








Поврзани содржини