Во периодот од 10-14.03.2025 година, во градот Фамиликау, Португалија, беше реализирана втората по ред мобилност од проектот „Поттикнување на културната свест преку бајките“ (Fostering Cultural Awareness Through Fairy Tales) во рамки на програмата Еразмус+.
Координаторот на проектот, психологот – Елена Темелкоска, специјалниот едукатор – Ана Трпевска, наставниците Марина Димоска и Биљана Аросова, учениците Михаела Сандева и Мила Здравковиќ од 9-1 одделение го претставија нашето училиште на оваа мобилност.
Наставниците и учениците проследија приредба и зедоа учество во креативни работилници, едукативни предавања поврзани со значењето на приказните преку кои пренесуваме мудрост, пораки и културни вредности во човештвото.
Воедно наставниците и учениците искусија живописни патувања во градовите Брага и Порто каде имаа можност да посетат дел од културните знаменитости.