Последен ден од Еразмус+ мобилноста во Измит, Турција! - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Последен ден од Еразмус+ мобилноста во Измит, Турција!

Последен ден од мобилноста во Измит Турција 31 10 2025

Последен ден од Еразмус+ мобилноста во Измит, Турција!

Ден исполнет со креативност, учење и соработка!
Предавање за дигитална безбедност: како да препознеш лажни вести, да оставиш безбедни траги на социјалните мрежи и да избегнуваш навредливи или дискриминаторски пораки!
Учениците стекнаа дигитални вештини за изработка на јавна информативни пораки и креирање слогани на темата за дигитална медиумска писменост.
Посебно доживување беше работилницата за уметност – EBRU, каде што учесниците ја почувствуваа магијата на турската традиционална уметност на сликање на вода.
Учениците играа логички игри кои го поттикнуваат логичкото размислување, креативност и практична примена на знаењето.
На крајот од мобилноста следуваше евалуација на активностите – време за споделување впечатоци, идеи и искуства.
Еразмус забава и доделување сертификати и документ за Европас мобилност-потврда за успешна реализација на мобилноста во Турција. Ова беше почеток на едно заедничко дружење кое продолжува на следната мобилност во Италија – нова размена на знаења и искуства.

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе