ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Одбележување на Месецот на книгата 15 11 2025

Одбележување на Месецот на книгата

Радиодрама – Секој понеделник, преку училишниот разглас, нашите училници беа исполнети со магијата на театарот.
Креативни работилници – Изреки и мисли за книгата, творби, препораки, дискусии за пораките и поуките кои книгите ги пренесуваат на читателите.
Посети и зачленување во библиотеката на учениците од вторите одделенија.
Ви благодариме на сите што бевте дел од ова креативно патување!
Особена благодарност за посветената работа и беспрекорна организација на библиотекарот, Вера Стојановска, која заедно со нашите талентирани ученици ја подготвија оваа богата и едукативна програма за Месецот на книгата!

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе