Патронен празник под мотото „Само еден магичен збор обединува – ЉУБОВ“
Нашето училиште денес го одбележа својот патронен празник под мотото „Само еден магичен збор обединува – ЉУБОВ“, кој беше проследен со одлично подготвена програма од страна на наставниот кадар и учениците.
Училиштето кое го носи името на нашите Сесловенски просветители Кирил и Методиј е синоним за успешна образовна институција во која се образувале дечиња што се наша гордост.
Општина Гази Баба постојано вложува и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за настава во училиштето и квалитетот во образовниот процес.
Честитки за патрониот празник и нека ни се множат успешни години.









Поврзани содржини