ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

„Отвори книга! Отвори нов свет!“

📚 Месец на книгата под мотото:
✨ „Отвори книга! Отвори нов свет!“ ✨

Од денес, 15 октомври, па сè до 15 ноември, во нашата училишна библиотека започнуваме со одбележување на Месецот на книгата под мотото „Отвори книга! Отвори нов свет!“.

Во рамките на одбележувањето ќе се реализираат повеќе настани кои со задоволство ќе ги спроведеме заедно со сите ученици, со цел:
📖 Да ги надградиме читателските вештини
📖 Да ја зајакнеме грижата за книгите
📖 Да бидеме совесни и добри читатели

🎁 Донаторска акција:
Месецот на книгата ќе биде предвиден и за донаторска акција на користени книги за училишната библиотека. Очекуваме активен одзив како од учениците, така и од вработените, родителите и сите пријатели и соработници на нашето училиште.

👏 Благодарност до донаторите:
Нашите досегашни донатори — ученици и вработени — денес заслужено добија благодарници. Се надеваме дека нивниот пример ќе биде поттик и мотивација за уште поголема соработка со училишната библиотека.

Ве очекуваме! 📖❤️

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.