ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци подготвено за новата учебна година!

📚✨ **ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци подготвено за новата учебна година!📚

Во пресрет на почетокот на учебната 2026/2027 година, во ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци и ПУ Страчинци се реализираа низа активности со цел училиштето да ги пречека учениците во уредна, безбедна, чиста и пријатна средина за учење и развој.

Во рамки на подготовките се реализирани:

🏫 Обнова на оштетената фасада во ПУ Страчинци
💧 Санирање на проблемот со атмосферските отпадни води
🔧 Поправки на оштетени работи и мебел во училиштето
🍥Поставени нови зебра завеси во административните простории и канцеларии
🧹 Генерално чистење на училишните простории
🪟 Чистење на тешко достапните прозорци и места
🧼 Дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училишните простории
📖 Обезбедени учебници за сите ученици по сите наставни предмети
🌿 Поставени прочистувачи на воздух во прво одделение, како донација од Општина Гази Баба
🖥️ Проверка и подготовка на информатичката и наставната опрема за непречено одвивање на наставата.
🪑 Проверка и уредување на училниците и кабинетите, со цел да бидат функционални и подготвени за учениците.
🛡️ Проверка на безбедноста и условите за престој на учениците во училишните простории.
🌳 Уредување и чистење на училишниот двор и околината.
📋 Организациски подготовки за прием на учениците и непречен почеток на учебната година.
👨‍👩‍👧‍👦 Подготовка за пречек на првачињата
🧯 Проверка на противпожарната опрема и безбедносните мерки
👩‍🏫 **Обуки и професионално усовршување на наставниот кадар за новите наставни програми.

Нашата цел е секое дете да има услови да учи, да се развива и да се чувствува сигурно и пријатно во нашето училиште.

На сите ученици, наставници и родители им посакуваме **успешна, здрава, среќна и плодна учебна 2026/2027 година!** 🍀📚

Добредојдовте назад во училиште! ♥️

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе