ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Недела на добри дела 27-02-2026 - слика 1

Недела на добри дела

Со многу љубов, насмевки и искрени гестови ја одбележавме „Неделата на добри дела“ во нашето училиште.
Учениците покажаа дека малите дела можат да направат голема разлика. Со оставање на позитивни пораки и убави зборови за своето другарче, тие ја ширеа радоста и потсетуваа колку е важно да си подадеме рака и да си бидеме поддршка.
Помалите ученици ја изразија својата добрина преку подарување играчка, честитка или убаво напишан збор – гестови што доаѓаат од срце и оставаат трајна вредност.
Петтите одделенија оваа недела ја одбележаа со посебна активност во најблискиот локален маркет, каде што им помагаа на купувачите со пакување на купените продукти. Нивната љубезност и посветеност донесоа многу насмевки и благодарни зборови.
Горди сме на нашите ученици кои покажаа дека добрината е избор што го правиме секој ден. Нека оваа недела биде потсетник дека со едно мало добро дело можеме да разубавиме нечиј ден!
👉 Погледни галерија

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе