Настава во природа 2024 год.
Учениците од V-2 одделение заедно со нивната наставничка Дијана Илиевска беа на петдневна настава во природа во Охрид од 10 до 14 Јуни. Денес е последен ден од нивното прекрасно патување.
Оставаат зад себе успешно реализирана настава со голем број убави спомени од многубројните посети.
Оваа форма на настава е учениците да се здобијат со знаења и претстави за природната средина, но најважно од се е што преку оваа форма на настава учениците воспоставуваат блиски и непосредни контакти, подобро се запознаваат со своите индивидуални карактеристики како и карактеристиките на ученичката заедница.
Учениците на настава во природа се дружат, си помагаат и стекнуваат работни и хигиенски навики со негување на хумани и другарски односи.
Наставата во природа придонесува за формирање на навики за организирано и правилно користење на слободното време.
Овие зеднички денови на крајот од петгодишното дружење засекогаш ќе ни останат во сеќавање.









Поврзани содржини