ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Нашето училиште добитник на Европската награда за иновативна настава 2025, директно од Брисел!

Нашето училиште добитник на Европската награда за иновативна настава 2025, директно од Брисел!
Со голема чест и гордост објавуваме дека оваа година нашето училиште е добитник на престижната Европска награда за иновативна настава (European Innovative Teaching Award 2025), која ја доделува Европската комисија.
Наградата е доделена за нашиот Еразмус+ проект со регистарски број 2022-1-MK01-KA122-SCH-000070266, „BUILD A DEMOCRATIC AND INCLUSIVE SCHOOL ENVIRONMENT“ (Градиме демократскa и инклузивнa училишна клима). Наградата беше подигната во Брисел од страна на наставникот Јасмина Јездиќ- координатор на проект.
Ова признание е резултат на посветената работа на наставниците, учениците и целиот училишен тим, кои преку иновативни и инклузивни активности придонесуваат за развој на демократска култура и европски вредности во образованието.
Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе