МИО активност помеѓу нашето училиште и партнер училиштето „Григор Прличев“
Третата активност од заедничка МИО активност помеѓу нашето училиште и партнер училиштето „Григор Прличев“ од населбата Железара, се реализираше на ден 12.04.2024 година во дворот на подрачно училиште во Страчинци. Целта беше заедничко празнување на празникот Рамазан Бајрам преку спортски игри и дружење на учениците.
Во активностите беа вклучени ученици од второ одделение и тие изведуваа спортска активност-полигон. Со посебна радост и задоволство се бодреа меѓусебно и уживаа во дружењето.









Поврзани содржини