Меѓународен ден на пешачењето
15 Октомври – Меѓународен ден на пешачењето, под мотото „Движи се кон здравјето“ за промоција на физичка активност.
Наставниците по ФЗО Филип Мојсовски и Марко Костов го одбележаа овој ден со прошетка на учениците во блиската околина.
Целта е учениците да практикуваат пешачење кое младите се’ повеќе го избегнуваат заради модернизацијата која доведе до широка употреба на компјутери и мобилни телефони. За жал децата почнуваат да ги користат од најрана возраст, што ги прави навикнати да го поминуваат слободното време седејќи на стол или пред компјутер.








Поврзани содржини