ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Малите репортери во акција!

Во рамките на Детската недела, нашите ученици на часот по англиски јазик влегоа во улогата на вистински “Junior Reporters”! 🎤📸

Со своите репортерски легитимации и подготвени прашања на англиски јазик, тие ја истражуваа училишната атмосфера. Прво направија забавни интервјуа со своите другарчиња од другите одделенија, откривајќи ги нивните омилени игри, супер-моќи и желби.

Најголемиот предизвик беше резервиран за крајот — интервју со нашата директорка! Учениците покажаа одлични комуникациски вештини, храброст и одлично познавање на англискиот јазик, а директорката со насмевка одговори на сите нивни љубопитни прашања.

Горди сме на нашите млади новинари кои покажаа дека учењето јазик преку соработка, дружба и забава е најдобриот начин за стекнување знаење! 👏✨

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.