Кабинетот по природни науки се претвори во вистинска лабораторија
🏫 Кабинетот по природни науки се претвори во вистинска лабораторија 😀
👉 На часот по природни науки со учениците од петто одделение беше обработена наставната единица „Одделување на компоненти од смеса – филтрација (прочистување на вода).
Во текот на часот учениците се запознаа со поимот филтрација како метод за одделување на компоненти од смеса. Преку демонстрација и практична работа беа запознаени со начинот на изработка на едноставен песочен филтер. Учениците, поделени во групи, изработија сопствени филтри и извршија експеримент за прочистување на вода, при што ги набљудуваа промените и донесуваа заклучоци.
Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа во сите активности. Преку практичната работа успешно го разбраа процесот на филтрација и неговата примена во секојдневниот живот.








Поврзани содржини