Интерактивна и креативна работилница за вистинското другарство!
Интерактивна и креативна работилница за вистинското другарство! 🤝
Во нашето училиште, за учениците од VI¹ одделение, училишниот психолог одржа работилница посветена на значењето и вредностите на искреното пријателство.
Преку забавни и интерактивни активности, учениците работеа во тимови и ги пронајдоа совршените состојки за добро пријателство — доверба, искреност, поддршка, хумор и човечки вредности!
Главни цели на работилницата беа: Дефинирање на поимот вистинско другарство; Препознавање кога на соучениците им е потребна поддршка; Развој на вештини за тимска работа, емпатија и меѓусебна помош.
Учениците кроеја креативни идеи, соработуваа и научија дека пријателството се гради со грижа, почит и поддршка секој ден!













Поврзани содржини