Европски ден на јазиците
🌍 Европскиот ден на јазиците – одбележан на интересен и забавен начин, со различни едукативни јазични активности.
Учениците од VII–IX одделение учествуваа во „Олимпијада на зборови“, во која, користејќи ги своите знаења по македонски, англиски и француски јазик, се натпреваруваа во:
🧩 ЈАЗИЧНА СЛОЖУВАЛКА
🔤 ТРИ ЈАЗИЦИ – ЕДЕН ЗБОР
⚡ ТРИЈАЗИЧЕН ПРЕДИЗВИК
🔗 ПОСЛЕДНА БУКВА – СИНЏИР ОД ЗБОРОВИ
Натпреварот поттикна тимска работа, комуникација, брзо размислување, креативност и примена на јазичните знаења, создавајќи позитивна и мотивирачка атмосфера.




















Поврзани содржини