ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Европска недела на кодирање

По повод Европската недела на кодирање која траеше од 10 до 25 октомври (EU Code Week), учениците од нашето училиште преку интересни, креативни и едукативни активности ја откриваа магијата на кодирањето, поврзувајќи ги логичкото размислување, музиката, уметноста и македонското културно наследство.

✨ Учениците од трето одделение се впуштија во математичка авантура со активноста „Пронајди ги парните и непарните трицифрени броеви и откриј ја сликата“, преку препознавање броеви и следење кодирани насоки, тие ја развиваа логиката, прецизноста и вештините за решавање проблеми.

🇲🇰 Учениците од прво, второ и четврто одделение преку активноста „Македонски традиционален вез“ го поврзаа кодирањето со богатството на македонската традиција.

🎵🎶 Учениците од петто одделение ја реализираа активноста „Кодот на македонската песна“, во која кодирањето се спои со музиката и македонското културно наследство.

💡 Преку овие активности, учениците учеа дека кодирањето не е само пишување инструкции, туку и начин на размислување, откривање, создавање и соработка.

🌟 Кодираме, откриваме, создаваме и ја чуваме нашата традиција!

💻🌍 ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА КОДИРАЊЕ – КРЕАТИВНОСТ, ЛОГИКА И МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА! 🇲🇰

#МКPopovska06
МК-Popovska-06

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.