ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Еко час 2025

eko chas 09 05 2025

Еко час 2025

Денес нашето училиште беше дел од големата пролетна еколошка акција наречена ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД преку спроведените Еко часови со учениците и наставниците.
Беа реализирани повеќе еко активности: чистење и разубавување на училниците, училишниот двор и околина, еколошки квизови, пишување на еко пораки.
Целта на Еко часовите е да ја поврземе практичната работа на терен со наставата, бидејќи веруваме дека грижата за животната средина се учи и преку настава и преку активно учество во акции за чистење и зачувување на природата.
Еко акција имаше и во подрачното училиште, со порака за подигнување на еколошката свест и грижа за околината
Чиста животна средина за сите
#екочас2025 #генералкавикенд2025

logo full kim 120 min