ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

еднонеделна мобилност во рамки на Erasmus+ проектот Еко паметен живот заедно кон зелена иднина 12 05 2026

Еднонеделна мобилност во рамки на Erasmus+ проектот „Еко паметен живот: заедно кон зелена иднина“

✨🇪🇺✨ На 11.04. започна еднонеделната мобилност во рамки на Erasmus+ проектот
„Еко паметен живот: заедно кон зелена иднина“
(Eco Smart Life: Together for a Green Future) 💚♻️

1️⃣ Првиот ден помина во прекрасна атмосфера, исполнета со нови впечатоци, дружење и создавање нови пријателства! 🌟

🤝 Срдечно ги пречекавме нашите гости од Италија и Шпанија.
🎉 Преку забавни ice-breaking активности учениците имаа можност подобро да се запознаат и да создадат нови пријателства.
🖥 Следуваа презентации за нашата земја и образовниот систем во Македонија.
🏫 Гостите го разгледаа нашето училиште и се запознаа со секојдневието на учениците.
🎶 Денот беше збогатен со кратка приредба, балетска и музичко-ритмички точки, настап на виолина и традиционални ора изведени од нашите талентирани ученици. 🎻🧑‍🩰💃
🍽 На крајот следуваше дегустација на традиционални македонски јадења, подготвени од родителите и наставниците. 💙

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе