Домаќин на четвртата, последна мобилност од Еразмус+ проект
Од 13.10 до 15.10.2025, училиштето беше домаќин на четвртата, последна мобилност од Еразмус+ проектот Поттикнување на културната свест преку бајките.
Како домаќини ги запознавме гостите од Турција 🇹🇷, Португалија 🇵🇹 и Италија 🇮🇹 со македонската култура, традиција и храна
Се реализираше креативна работилница – изработување маски со јунаците од бајките, користејќи рециклиран материјали, модерна интерпретација на традиционалните бајки – оживување на бајките преку драматизација, одбележување на Еразмус денови, креирање постери на народни приказни каде ги прикажаа елементите на приказната, вклучувајќи слики и раскажување за нејзиното значење., драматизација на Легендата за Куклици, презентацијата на државата, училиштето и македонски едукативниот систем.
Три дена исполнет со убавини и културен дух.
Кај посета на Спомен куќата на Мајка Тереза беше инспиративен потсетник на човечноста и добрината што ја оставила зад себе.
Прошетка низ Старата скопска чаршија — магично место каде времето како да застанало. Мирисот на кафе, старите дуќани и уличките полни приказни за неповторлива атмосфера.
При посета на Комплексот Македонско Село, меѓу автентични куќички, топло гостопримство и вкусови гостите имаа можност да ја вкусат македонската традиционална кујна и да уживаат во убавините на македонската традиција.










Поврзани содржини