Денес во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беше потпишан договор за грант доделен за проект Erasmus+К210 “Be Ethical and Safe in the Digital Media Age”
„Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми“.
Нашето училиште е носител на проектот и во него се вклучени уште три партнер училишта од Италија, Турција и Естонија.
Координатор на проектот е наставникот по англиски јазик Биљана Арсова. Му посакуваме успешна работа на тимот наставници кој ќе работи на овој проект и успешна промоција на нашето училиште.