ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Diseminacija od Erazmus+ mobilnost – Izmit, Turcija 1

Дисеминација од Еразмус+ мобилност – Измит, Турција

Во рамки на Еразмус+ проектот „Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми“ (Be Ethical and Safe in the Digital Media Age), наставниците кои учествуваа во мобилноста во Измит, Турција, ги споделија стекнатите знаења, искуства и придобивки од мобилноста пред наставниот кадар во училиштето.

Преку презентации и дискусии беше истакнато значењето на медиумската и дигиталната писменост, како и моралното и безбедно користење на дигиталните медиуми. Наставниците посочија дека медиумската и дигиталната писменост е клучна за критичко размислување и одговорно користење на дигиталните ресурси и информации, како и за важноста на нивната интеграција во наставата.

Дисеминацијата придонесе за размена на идеи, поттикнување на иновативен пристап и зајакнување на наставните компетенции за современа и квалитетна настава.

Logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе