Денови на електротехниката
На овогодинешната манифестацијата „Денови на електротехниката“, организирана од средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, учествуваа нашите ученици Илина Коцева, Александар Додевски и Немања Јорданов сите од деветто одделение, под менторство на наставничката по физика Габриела Јорданов.
Учениците беа дел од натпреварот по физика – област електротехника и се пласираа на петтото место од вкупно 18 училишта од целата држава кои земаа учество на оваа манифестација. Во склоп на оваа манифестација, учениците го посетија Музејот на ЕВН-Изложбениот центар „Матка“.
Честитки за постигнатиот успех









Поврзани содржини