Денот на планетата Земја
Денот на планетата Земја е глобален настан кој се одбележува секој 22 Април, за да се подигне свеста за чиста и здрава животна средина.
Грижата за Земјата не е само одговорност, туку е и неопходност. Се што правиме за да и помогнеме на Земјата има значење.
Преку низа активности учениците од одделенска настава ги споделија своите идеи за заштита на планетата Земја и нејзино зачувување: преку најразлични творби, цртежи, презентации, пишување пораки, практични игри, учениците научија како да се грижат за животната средина.
Исто така и претставници од Црвен Крст реализираа едукативно предавање Зелен волонтеризам во второ, трето и четврто одделение.
Целта на оваа активност е создавање свесност, одговорност, работни и здрави навики кај учениците за заштита на планетата Земја.









Поврзани содржини