Ден на Мајчиниот јазик 2025 - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

3 jazik 22 02 2025 012 a01

Ден на Мајчиниот јазик 2025

Во чест на Денот на Мајчиниот јазик – 21 Февруари, да се потсетиме на значајните вредности од нашето живеење: јазикот, народниот бит и нашиот убав пишуван македонски збор. Светскиот ден на Мајчиниот јазик традиционално се одбележува секоја година во ООУ ,,Кирил и Методиј”, Стајковци.
Целта на одбележување на вакви манифестации е негување на Мајчиниот јазик, пишаниот збор, збогатување на речникот и развивање на позитивен мисловен процес.
Јазикот е непресушен извор и треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сè да се зачува суштината на убавиот македонски збор.0
,,Да го негуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме!”
,,Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици”.
,,Секој јазик е нечиј Мајчин јазик!”
,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште”, – Блаже Конески.
Ова се дел од пораките што ги испратија учениците.
И во подрачното училиште, наставниците по македонски и албански јазик заедно со нивните ученици реализираа различни активности како што се: пишување на литературни творби, презентации, пораки, текстови.
Фотографиите и видеото можете да ги погледнете на следниот 
logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе