ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Aктивност од проектот „Во светот на љубовта“

ljubov-15-03-2024_1

Aктивност од проектот „Во светот на љубовта“

Денес нашите парламентарци од двете училишни згради учествуваа во работилница организирана од родител, д-р Розета Паскалиева психолог и психотерапевт како прва активност од проектот „Во светот на љубовта“ кој ќе трае до месец мај. Најнапред нашите деца проследија презентација на тема „Љубовта како емоција“ при што психологот на многу  разбирлив и едноставен начин им ги долови поимите осет, чувство и емоција. Потоа децата пишуваа и цртаа каде ја чувствуваат љубовта, во кој дел од телото. Многу интересни и оригинални изработки преку кои децата многу се забавуваа. Убав и интересен ден за сите!

logo full kim 120 min