ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

24 мај - Ден на сесловенските просветители 20-05-2026 - слика 1

24 мај – Ден на сесловенските просветители

По повод празникот и патронот на нашето училиште, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј ✍️, учениците од четврто одделение реализираа креативна и едукативна активност преку која се запознаа со глаголицата – првото словенско писмо 🕊️.

Секој ученик го напиша своето име со буквите од глаголицата на глина, откривајќи ја убавината и значењето на писмото што претставува темел на словенската писменост и култура.

Преку оваа активност учениците ја негуваат љубовта кон мајчиниот јазик, традицијата и делото на Светите просветители, потсетувајќи нè колку е важно да го чуваме и почитуваме нашето културно наследство. 📖🧡

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе