ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Како странците ја доживуваат Македонија и Македонците (5)

Како странците ја доживуваат Македонија и Македонците?

Ученичкиот парламент со работилница на тема: „Како странците ја доживуваат Македонија и Македонците?
Денес, 08.04.2026 година, во рамки на Ученичкиот парламент, заедно со наставничката по историја и граѓанско образование Десанка Ѓорѓиевска, се реализираше работилница на тема: „Како странците ја доживуваат Македонија и Македонците?“.

Учениците имаа можност преку видео-врска да разговараат со Жереми, дипломиран професор по јапонски јазик, кој живее и работи во Македонија. Преку овој разговор тие се запознаа со неговите лични искуства, впечатоци и согледувања за нашата култура, начин на живот и гостопримство.

Преку активноста, учениците развија поголема свест за тоа каква перцепција имаат странците за нашата земја и народ, за тоа како би можела да се подобрува и развива нивната татковина, а воедно и ја зајакнаа својата интеркултурна комуникација и критичко размислување како и способноста да поставуваат прашања и да водат конструктивен дијалог.

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе