ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

23 Септември – Меѓународен ден на знаковниот јазик

На 23 септември се одржа интерактивна и едукативна работилница посветена на Meѓународниот ден на знаковниот јазик со учениците од V-1 и V-2 одделение.

🖐️🤞✌️За време на часот, учениците се запознаа со еднорачната азбука, по што успешно совладаа како да го кажат своето име на знаковен јазик. Преку видеосодржини, учевме основни форми на поздравување и следевме изведба на познатите песни од „Касни порасни“ преведени на знаковен јазик.🤘🤙🫵

Преку љубопитност и насмевки, децата покажаа дека прифаќањето на различните начини на кои зборуваме и се изразуваме е најголемиот чекор кон вистинска инклузија.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.