ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Зачленување на првачињата во Детската организација

priredba 15 10 2025

Зачленување на првачињата во Детската организација

Денес во нашето училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци се одржа свечена приредба по повод зачленувањето на првачињата во Детската организација!
Нашите најмлади ученици со песна, рецитација и насмевки ја дадоа својата свечена заклетва, а ние гордо ги пречекавме во големото училишно семејство.
Посебна чест ни беше што на овој убав настан присуствуваа и гости од Еразмус+ програмата од Турција, Италија и Португалија, кои со интерес ги следеа изведбите на нашите ученици.