10 октомври, Светски ден на менталното здравје. Ден посветен на подигање на свеста, рушење на стигмата и поттикнување грижа за себе и другите. Менталното здравје е суштински дел од секојдневието и од нашата целокупна благосостојба. Оваа година, кампањата ги истакнува правото на пристап до квалитетна грижа, поддршка особено во кризни ситуации и важноста сите да се чувствуваат вреднувани и заштитени.
Овој ден е потсетник дека грижата за умот спасува животи и создава посилни и посреќни заедници. Да го поддржиме секој што се соочува со предизвици, да зборуваме отворено за емоциите и да вложиме напори за свет каде менталното здравје е достапно за сите.
Во нашето училиште по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври, психологот на училиштето со учениците од шесто одделение реализираше работилница – Триаголник на здравјето, за подобро разбирање на физичкото, ментално и социјалното здравје во целинa.
