Денес, 23.09.2024 год., нашата ученичка заедница ја одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент. Беше избрано раководството, координативното тело и комисијата за доверба и соработка.
Претставници од парламентот за Наставнички совет, Совет на родители и Училишен одбор ќе бидат избрани на првата седница на училишниот парламент.
Им честитаме на нашите избраници:
- Мила Здравковиќ од IX¹ одделение која беше избрана за претседател на Ученички парламент
- Омер Сејди ученик од VIII³ одделение за нејзин заменик
- Дафина Спасовска од IX¹ одделение за секретар и заменик на ученичкиот парламент.
Ви посакуваме многу плодна работа парламентарци наши!