ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Настава во природа за учениците од 5 одд.

ekskurzija 19 05 2025

Настава во природа за учениците од 5 одд.

Во периодот од 11 до 14 мај 2025 беше реализирана планираната настава во природа во Охрид.
Учениците имаа можност да се запознаат со природните богатства и културно – историските знаменитости, се дружеа и истражуваа.
Првиот ден преку западна Македонија се упативме кон Охрид. Попатно направивме пауза во комплексот ,,Кораб трница” и продолживме во манастирот ,,Св. Јован Бигорски”, а потоа продолживме во посета на Вевчани и вевчанските извори. Доцна попладне стигнавме и се сместивме во центарот на Охрид.
Вториот ден беше резервиран за знаменитостите и убавините на Охрид. Преку прошетка уживавме покрај кејот на Охридското Езеро, учениците се запознаа со начинот на рачна изработка на хартија, охридската архитектура, црквата ,,Св. Јован Канео”, по што продолживме кон ,,Плаошник” и црквата ,,Св. Климент Охридски”. Прошетката продолжи кон Самоиловата тврдина и Античкиот театар.
Третиот ден по појадокот го посетивме Заливот на коските ,,Музеј на вода” и преубавиот манастир ,,Св. Наум”. Во попладневните часови беа посетени спомениците на ,,Св. Кирил и Методиј” и ,,Св. Климент” на плоштадот во Охрид.
Последниот ден по појадокот го напуштивме хотелот и тргнавме кон археолошкиот ликалитет ,,Хераклеа”, а од таму пеш кон прочуениот ,,Широк Сокак”. Следуваше одмор, ручек и освежување по што тргнавме кон Скопје.
На оваа кратка ама слатка екскурзија запознавме дел од нашата богата историја, архитектура, култура, традиција, голем број споменици, музеи, знаменитости, географски обележја, а најважно од се се дружевме, се забавувавме и градевме хумани вредности.
Довидување до следно видување!
Активност спроведена од одделенските раководители на 5 одделение:
Весна Величковска и Александра Накева