Горди сме на нашите млади физичари! - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

kim osnovna 400x300

Горди сме на нашите млади физичари!

На 6 Февруари 2026 година, во ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци, се одржа Општинскиот натпревар по физика за учениците од основно и средно образование.
Според конечните резултати, објавени на официјалната веб-страница на 👉 ДФРМ, нашите ученици:

Јован Божиновски – VII одделение
Мила Цветковска – IX одделение
Ана Антовска – IX одделение
Јана Ефремов – IX одделение
Дамјан Додевски – IX одделение
Илина Стојанова – IX одделение,

под менторство на наставничките Јасмина Јездиќ и Габриела Јорданов, се пласираа на Регионалниот натпревар.

Горди сме на нивното постигнување и достојното претставување на нашето училиште.
Нивниот успех е резултат на посветена работа, упорност и љубов кон физиката.
Им посакуваме многу успех и на Регионалниот натпревар!

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе