Еразмус+ мобилност во Кусалу, Естонија
🇪🇺🌍 Еразмус+ мобилност во Кусалу, Естонија 🇪🇪
Од 5 до 8 октомври, тим од двајца наставници и четири ученици од нашето училиште учествуваше на Еразмус+ мобилност во Куусалу, Естонија, во рамки на проектот „Be Ethical and Safe in the Digital Media Age“.
Во текот на мобилноста учениците учествуваа во:
🔹 игри за запознавање и тимска работа;
🔹 интересна работилница на KiVa Team за сајбер-насилство;
🔹 активности посветени на дигиталната безбедност, одговорното однесување на интернет и етичката употреба на технологијата;
🔹 „Act It Out“ – игра на улоги преку која истражуваа различни ситуации од реалниот живот;
🔹 предавање од Web Constable за сајбер-насилството, ризиците на социјалните мрежи и дигиталната безбедност.
Покрај едукативните активности, учесниците имаа можност да ги посетат Талин (стариот град), Музејот на филмот, Талинскиот фестивалски комплекс за песни, водопадот Јагала и мочуриштето Виру Бог во Националниот парк Лахема. Мобилноста беше збогатена и со дружење на учесниците од партнерските училишта, Еразмус+ забава и доделување сертификати. 🌿🤝🎓
Посебно значајна беше промоцијата на финалниот производ на проектот – Водич за медиумска и дигитална безбедност и одговорно однесување на интернет. 💻🔐
✨ Уште едно значајно меѓународно искуство исполнето со учење, нови пријателства и соработка, кое нè потсети дека безбедното и одговорно користење на дигиталниот свет е заедничка одговорност. 🌍💙



























Поврзани содржини