Двојна победа и нови успеси за нашата Илина!
🏆 Со голема гордост ви ги споделуваме најновите спортски успеси на нашата ученичка Илина Ѓорѓиевска од 3² одделение, која го потврди својот извонреден талент и спортски дух со освоени дури две први места за многу краток период!
✨ Прво место во Куманово – На атлетскиот митинг одржан во чест на државниот празник 11 Октомври, Илина доминираше во дисциплината 60m спринт и го освои златното медалче.
✨ Прво место во Лозово – Успешната серија продолжи и на трката во Лозово, каде во дисциплината 100m одново истрча најбрзо и повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот.
👏 И честитаме на Илина за одличните резултати, посветеноста и достојното претставување! И посакуваме уште многу нови победи и медали во иднина! 🏅⭐
#ООУКирилИМетодиј #Атлетика #ГордостНаУчилиштето #Шампиони #Стајковци









Поврзани содржини