Детска недела – 1 ден Честит Светски ден на учителите!!! Честит Светски ден на учителите!!!
👫 Детска недела – 1 ден
Честит Светски ден на учителите!!!
👨🏫👩🏫 „УЧЕНИЦИТЕ ВО ЧЕВЛИТЕ НА НАСТАВНИКОТ“
Учениците денес имаа можност да ја почувствуваат наставничката професија од една поинаква перспектива. Тие влегоа во улогата на наставници, подготвија активности и застанаа пред своите соученици. 📖✨
Преку оваа активност открија дека да се биде наставник значи не само да се знае, туку и да се објаснува, слуша, охрабрува, има трпение и да се грижи за секое дете. А ние наставниците добивме прекрасна можност да ги видиме нашите ученици во една нова, одговорна и интересна улога. 😊
✍🏻ПОРАКА ЗА НАШИТЕ НАСТАВНИЦИ – СО ЧЕТКАТА НА ДЕТСКАТА ИМАГИНАЦИЈА!
✨ Детската недела нè потсети дека училиштето не е само место каде што се учи, туку и место каде што децата растат, се почитуваат, се охрабруваат и учат да бидат подобри едни кон други.
💛 Нека секој детски глас биде слушнат, секое право – почитувано, а секој детски талент – охрабрен!
#ДетскаНедела #ДетскиПрава #ДетскиОбврски #УченицитеВоЧевлитеНаНаставникот #ДенНаУчителот #НашитеУченици #НашетоУчилиште



























Поврзани содржини