Извонредни резултати од меѓународниот SiL English Competition
✨Нашето училиште повторно се гордее со успесите на нашите ученици!✨
🇬🇧Со голема радост ги споделуваме извонредните резултати од меѓународниот SiL English Competition.
🥇 Бојана Чепленска освои Gold Award (Златен сертификат), со што се вбројува меѓу најуспешните натпреварувачи.
🥈 Ана Антовска освои Silver Award (Сребрен сертификат) потврдувајќи го своето одлично познавање на англискиот јазик.
Со своите постигнувања, двете ученички се пласираа за учество на Global Final Round (Глобален финален круг), кој ќе се одржи од 16 до 19 декември 2026 година во Оксфорд, Обединетото Кралство.
Честитки и за менторот, наставникот по англиски јазик Биљана Арсова 👏
Им честитаме за успехот, посветеноста и трудот👏 и посакуваме уште многу идни успеси и нови достигнувања 🌟.

















Поврзани содржини