🏫 Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ е сместено во класична зграда (тврда градба) во населено место Стајковци, општина Гази Баба, со внатрешна површина на училиштето 4 687 m² и училишен двор 1 237 m². Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето.
📚 Училишниот простор овозможува реализација на кабинетска настава во 12 кабинети, од кои посебно се издвојуваат целосно опремен кабинет по природни науки, биологија и хемија, како и кабинетот по информатика, историја и географија. Училиштето располага со опрема и наставни средства за одделенска настава, историски и географски карти, голем број современи музички инструменти за часот по музичко образование, спортски реквизити во спортска сала, асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби и разглас во секоја просторија. 🌐 Целото училиште е покриено со стабилна интернет мрежа.
🏀 Училиштето располага со модерно опремена спортска сала, училишен двор, мала кујна за потребите на учениците од дневен престој и часовите по готвење, сензорна соба, библиотека, наставничка канцеларија, канцеларии за стручните соработници, административната служба, хаус мајсторот, технички персонал и канцеларии на домакинот. Сите училници се опремени со смарт табли, компјутери и соодветни нагледни средства, а сите канцеларии со современи бироа, компјутери, принтери и клима уреди.
🎯 Опременоста со наставни средства, помагала и материјали придонесува за зголемување на активноста на учениците, подигање на нивото и квалитетот на наставата и реализирање на програмските барања, а со тоа и за постигнување на подобри резултати. Сите наставници се опремени со преносни компјутери за полесна подготовка и реализација на наставата.
📖 Училишната библиотека е неопходен сегмент во наставно-образовниот процес бидејќи книгите се темел на педагошката мисија, со библиотечен фонд, учебници од IV-IX одд., лектирни изданија на македонски јазик, стручна литература на македонски јазик, енциклопедии, атласи, лексикони, речници, списанија и монографски публикации на македонски јазик. Во централното и подрачното училиште секој понеделник се интонира државната химна 🇲🇰 со што се развива почит кон државните симболи.
Подрачно училиште во с. Страчинци
🏫 ПОУ „Кирил и Методиј“ е сместено во с. Страчинци, општина Гази Баба – Скопје, со верификација од МОН од 1984/85 каде што наставата се изведува на албански наставен јазик во две смени со 9 паралелки од прво до деветто одделение. Училиштето е тврда градба од 1974 година со 5 училници, една помошна просторија за музичко образование, библиотека и една канцеларија за наставници. Внатрешната површина изнесува 440 m², училишниот двор 1.802 m², а спортските терени и игралишта 404 m².
🖥️ Сите училници се опремени со смарт табли, компјутери, звучници, принтери, кабинет по информатика и музичко образование, модерно уредено спортско игралиште, спортски реквизити, разглас, реновирани тоалети и голем број нагледни средства за наставата. Библиотечниот фонд постојано се зголемува со лектирни изданија, стручна литература и други изданија на албански јазик.
Лична карта на училиштето
- 🏫 Назив: Општинско Основно Училиште „Кирил и Методиј“ Скопје
- 📍 Седиште: ул. 6 бр. 1, Стајковци – Гази Баба, 1000 Скопје
- 📞 Контакти: +389 2 2553 546
- ✉️ Е-пошта: coukirilimetodij@yahoo.com
- 🔢 Матичен број: 4106059
- 💰 Даночен број: 4030985137413
- 🏦 Жиро сметка: /
- 📄 Упис во регистар: Централен Регистар на Република Македонија, 1985 г.
- 👩💼 Овластен застапник: Директор Елена Антонова
