ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Затворање на училишните спортски лиги во Општина Гази Баба и доделување награди

zatvoranje sportski ligi 09 06 2025

Затворање на училишните спортски лиги во Општина Гази Баба и доделување награди

Денес свечено градоначалникот Бобан Стефковски ги затвори училишните спортски лиги во Општина Гази Баба, прославувајќи уште една успешна спортска година исполнета со енергија, фер-плеј и тимски дух.
На завршната манифестација им беа доделени медали, пехари и дипломи на најуспешните екипи и поединци кои со својот труд и посветеност ја направија оваа спортска година посебна и инспиративна.
Благодарност до наставниците по физичко и здравствено образование, кои преку својата несебична посветеност и ангажираност, како и преку нивното здружување во Сојузот на училишен спорт Гази Баба, овозможија реализација на голем број активности и спортски натпреварувања. Тие се срцето на оваа иницијатива и двигател на спортскиот дух кај младите генерации.
Честитки за освоените награди и големо браво за упорноста и истрајноста на сите учесници