Уште една успешна генерација која остава траен белег на нашето училиште.
Им беа врачени свидетелствата за завршено основно образование, како и дипломи за првенец на генерација, пофалени ученици и ученици со континуиран одличен успех.
Се надеваме дека моментите поминати во училишните клупи, знаењата и вештините стекнати низ училишните денови, пријателствата градени низ годините, како и вредностите секојдневно негувани – ќе им бидат добар почеток за полесно и успешно справување со предизвиците што ги носи животот.
Им посакуваме здравје, среќа и успех во понатамошното школување на нашите ученици и во животот воопшто!