Во нашето училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци, на 09.10.2025 година, успешно се реализираше уметничката работилница „Вајарство“.
Учениците имаа можност да се запознаат со основите на вајарството, како и да практикуваат моделирање со глина. Работилницата поттикна голем интерес, креативност и уметнички дух кај учениците.
Ментори на активноста беа Зоран Тошевски и Кристина Пауновска Гиразова, кои со своето знаење и поддршка им овозможија на учениците да создадат прекрасни дела.
Благодарност до сите учесници за нивниот ентузијазам и желба за учење!