На 22.05.2025 год, беа доделени дипломи на наградените учениците кои учествуваа на конкурс за био-фотографија на тема “Убавината на биодиверзитетот”.
На конкурсот со големо задоволство учество земаа повеќе ученици со интeресни фотографии од чиста животна средина, каде се потенцираат убавините на недопрената природа, како што се шумите, реките, езерата и целиот биодиверзитет.
Фотографиите кои беа одбрани се изложени на училишно пано со цел промоција на детската креативност и способност за уметнички израз, како и подигање на свеста на учениците за потребата од присуство на зеленило во градовите и неговите придобивки и важност за здрава животна средина. Наградени ученици се:
I наградa
Петар Тодоровски V-2 одд
II награда
Јована Величковска V-2 одд
III награда
Ведран Трајковски IV-2 одд
Честитки за учениците