Драги наши ученици,
Учебната годината што ја оставаме зад нас беше исполнета со учење, дружење, нови пријателства, предизвици и убави моменти. Горди сме на секое ваше достигнување, на успехот што го постигнавте и на секоја ваша подадена рака на соученик.
Сега е време за одмор, за игра и за убави летни доживувања. Паметно искористете го летниот одмор, ефективно исполнете го слободното време, но не ги заборавајте лектирите, книгите и домашните обврски.
Среќен распуст и се гледаме во септември!
Од Наставничкиот совет на ООУ ,,Кирил и Методиј”.
