Учениците од четврто и петто одделение заедно со своите наставници, во корелација со наставните содржини по предметот природни науки, беа во посета на најстарата биолошка и национална институција Природонаучен музеј каде е претставено богатството на македонската флора и фауна.
Учениците во Природонаучниот музеј беа запознаени со животинскиот свет и ендемичните видови кои постојат во нашата земја и научија многу интересни факти за животинскиот и растителниот свет.