ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Одбележан 15-ти Март – Националниот ден на Унгарскиот народ

ungarija-14-03-2024_1

Одбележан 15-ти Март – Националниот ден на Унгарскиот народ

По повод одбележувањето на Националниот ден на Унгарскиот народ, 15 Март во соработка со Унгарската амбасада и општина Гази Баба беше распишан литературен и ликовен конкурс посветен на животот и делото на Лајош Кошут.
Во рамки на одбележувањето, во паркот на македонско-унгарското пријателство во н. Триангла се одржа манифестација на која присуствуваа унгарскиот амбасадор Н.Е Андраш Клајн и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претставници од општината, наставници, родители и ученици од основните училишта во Гази Баба.
На овој конкурс нашите ученици се здобија со награди и тоа Стефани Павловска IX-1 одд. прва награда и Немања Јорданов IX-2 одд. – втора награда, под менторство на наставничката по македонски јазик – Маја Медарска.
Честитки за освоените награди.