ООУ „Кирил и Методиј“ е пилот училиште дел од Еразмус проект „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија“ кој се рализира со партнерство со Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје, Националниот универзитет – Атина и Филозофско друштво на Словенија.
За пилотирање на програмата во нашето училиште ќе се реализираат вкпно 18 часа (еден час неделно) во IV-1 одделение.
Филозофијата дава можност да размислуваат за прашања што досега биле отсутни од наставните програми, ги поттикнува учениците на критичко мислење, им помага да аргументираат, да решаваат проблеми од секојдневниот живот, а пред се ќе им го олесни учењето.