Во периодот од 19-23.05.2025 година, во градот Измир, Турција, беше реализирана третата по ред мобилност од проектот „Поттикнување на културната свест преку бајките“ (Fostering Cultural Awareness Through Fairy Tales) во рамки на програмата Еразмус+.
Координаторот на проектот, психологот – Елена Темелкоска и наставниците – Адријана Сандева, Габриела Андовска и Јасмина Анакиоска, учениците Лука Трајановски од 9-2 и Петар Павлески од 9-1 одделение го претставија нашето училиште на оваа мобилност.
Наставниците и учениците проследија приредба и зедоа учество во креативни работилници, едукативни предавања поврзани со значењето на приказните преку кои пренесуваме мудрост, пораки и културни вредности во човештвото.
Воедно наставниците и учениците искусија живописни патувања низ градот Измир и античкиот град Ефес каде имаа можност да посетат дел од културните знаменитости.