ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Еднодневна екскурзија од наставно-научен карактер во тетовскиот крај

tetovo-28-10-2024_1

Еднодневна екскурзија од наставно-научен карактер во тетовскиот крај

Учениците од трето одделение, заедно со своите наставнички ги посетија:
– Шарената џамија
– Комплексот Арабати Баба-теќето
-️ Лешочкиот манастир
– Црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век
– Фабриката за изработка на играчки за киндер јајца.
Учениците уживаа во прошетката, разгледување на месноста и рекреација во манастирскиот парк.
Овој тип на екскурзија има за цел да го збогати културно-историското знаење на учениците, негување и почитување на мултикултурализмот.
Одделенски наставници: Емилија Трајкова, Габриела Андовска и Музафера Шабани.