Заврши уште една учебна година, крајот на едно поглавје од скалилата по кои се искачувате. Отворате друга, нова врата од вашиот живот која ве внесува во најубавиот период.
Нашата мисија како наставнички тим тука завршува, заеднички се искачувавме по деветте скалила, заедно се радувавме на сите ваши успеси затоа што тоа беа и наши успеси, но и подеднакво тагувавме со секој од вас. Секој од вас на различен начин остави белег на ова училиште.
Сакаме само да ви посакаме да останете доследни на вашиот сон, не само да го сонувате туку и да го живеете. Затоа цврсто и одлучно чекорете напред!